Роберт Мугабе: од народен херој до диктатор

Поранешниот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе почина денес на свои 95 години, објави претседателот на таа земја, Емерсон Мнангагва на својот профил на Твитер.

Мугабе почина во Сингапур каде што во изминатите години често одеше на лекување.

„Со најголема тага објавувам дека почина основачот на Зимбабве и поранешниот претседател Роберт Мугабе“, напиша претседателот Мнангагва.

Мугабе кој владееше со јужната африканска држава речиси четири децении, од стекнувањето на независноста од Велика Британија во 1980-та година, беше присилен да поднесе оставка во 2017-та година после воениот преврат. Мугабе за владеењето се преобрази во вистински африкански деспот кој владееше 37 години, грчевито држејќи се на власт дури и кога земјата тонеше во хаос.

Се прославил со герилската војна во 70-тите години од минатиот век кога како револуционерен херој се борел против малцинството на белци кое што управувало со државата. Откако Зимбабве стекна независност, неговите непријатели беа капитализмот и колонијализмот.

Сите кои што го критикуваа, за него беа предавници, а за економските проблеми на државата дури и после децении, секогаш ги обвинуваше западните земји на чело со Велика Британија. Сите останати во Зимбабве го критикуваа затоа што тој воопшто не разбирал како функционира модерната економија и на тоа дека се сконцентрирал само на распределба на националното богаство, а не на негово зголемување.

Иако не знаел баш да управува со земјата од економски аспект, тој бил херој за народот на Зимбабве затоа што се изборил за независност. Токму тие историски моменти за Зимбабве, Мугабе тврдеше дека инспирација добивал од поранешниот лидер на Југославија, Јосип Броз Тито.

Им ги конфискувал фармите на белците

Мугабе се „прославил“ со изјавата дека државата не може да банкротира, а таа теорија ја „тестираше“ во 2008-ма година кога Зимбабве забележа инфлација од неверојатни 231%. Кога во 2000-та година за прв пат се соочи со силна опозиција, тој практично ја уништи најразновидната африканска економија за да ја задржи политичката контрола.

Тогаш тој нареди конфискување на фармите на белците кои што биле главниот столб на економијата и ги растерал инвеститорите, но во политички смисол тој ги победил непријателите – остана на власт и ја примени тактиката на герилско војување.

Please follow and like us:

You May Also Like