Рама лут зашто Косовците не сакаат да плаќаат патарина

Албанскиот премиер Еди Рама нервозно реагирал на барањата на поединци од Приштина да се укине плаќањето патарина на националниот пат кон Тирана.

Тој побарал од министерот за надворешни работи во заминување, Беџет Пацоли, да им објасни на граѓаните на Косово дека тоа не е можно, пишува приштинска Газета експрес.

Рама, исто така, се спротивставил и на преселувањето на загрозените албански граѓани на Косово затоа што, рече тој, тие мора да останат близу до своите домови и работни места.

Газета експрес пишува дека Рама вчера спонтано се сретнал со Пацоли при посетата на Драч и Тумане и му порачал да ги предупреди оние од Косово што донираат помош за Албанија да не бараат укинување на патарината на националниот пат.

Рама рекол дека и тие што донираат помош за Албанија исто така мора да ја платат патарината од пет евра.

„Патарината е обврска на сите и е наменета за инфраструктурата, која треба да обезбеди безбедност на патиштата и во земјата. Е сега, ако вам ви паднало на памет да дадете многу повеќе од тие пет евра, дајте ги и тие пет евра“, рекол Рама и додал дека тоа е сумата што се плаќа и на Косово и во Албанија.

„Неверојатна е оваа хистерија и тоа што некој не може да разбере како треба да се однесува кон овие работи“, рече Рама.

Кога Пацоли рекол дека им понудил и приватна помош на жртвите од земјотресот, како и медицинска, Рама му рекол дека веќе е понудена помош, повикувајќи се на договорите на Албанија со други земји во областа на здравството.

Газета експрес вели дека Рама реагирал и на згрижувањето на Косово на граѓаните погодени од земјотресот, велејќи дека тие треба да останат во близина и да не бидат далеку од своите домови, работните места и училиштата, но додава дека албанскиот премиер, сепак, го пофалил успехот на косовските безбедносни сили во пронаоѓање тела под урнатините, велејќи дека одлично си ја работат работата.

Please follow and like us:

You May Also Like