Рама: Изборите ќе и нанесат голем удар на опозицијата

Албанскиот премиер Еди Рама смета дека резултатите на локалните избори на 30 јуни нема да бидат добри поради отуството на опозицијата, туку затоа што ќе им зададат силен удар на противниците на правосудните реформи.

„На изборите во јуни нема да се носи одлука кој ќе ги води општините, туку каква ќе биде Албанија во следните 30 години”, рече Рама.

Шефот на албанската влада порача дека опозицијата не успеала пред две години кога со напуштањето на Парламентот се обидела да го блокира ветингот, па нема ниту сега кога на истиот начин сака да ја попречи европската интеграција на Албанија.

Опозицијата, пак, на секаков можен начин се обидува да ги спречи изборите. Нивното однесување го критикуваат и Европската унија и САД, сугерирајќи дека институциите се место за решавање на проблемите, а не улиците и насилството против полицијата, Владата и Парламентот.

Please follow and like us:

You May Also Like