ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Разговори за нова влада има иако не е почнато официјалното преговарање

Дали и како ќе влијае повикот на првиот човек на ДУИ, Али Ахмети во Хаг од Мала Речица не сакаат да коментираат повеќе од она што тој го напиша во Фејсбук статусот.

Во однос на преговорите за формирање на нова влада од ДУИ ВЕЛАТ нема нов момент и остануваат на своите веќе познати ставови. Иако синоќешниот статуст на Фејсбук на високиот функционер на ДУИ, Артан Груби во кој што вели дека „време е за умереност и смиреност“ е протолкуван во јавност како омекнување на ставовите на интегративците во однос на нивните услови за влегување во владина коалиција.

Дел од политичките аналитичари ценат дека поканата до Ахмети до Специјалното обвинителство нема да има значително влијание врз актуелните постизборни процеси во Македонија.

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во интервју за порталот „Локално“ вели дека тие веќе почнале контакти со повеќе политички субјекти, а преговорите следат по Илинден. Николовски најавува нова Влада во август. Формирање широка владина коалиција или ротации на премиерската функција Николовски во овој моменти ги отфрла како опција вели „време е за стабилна влада“. Ставот на ДУИ дека кај нив е одлуката со кого ќе формираат влада, Николовски го оценува како „непотребна ароганција“.

Обидите за формирање парламентарно мнозинство ги продолжуваат и во ВМРО ДПМНЕ. Во меѓувреме, официјален Брисел очекува за скоро нова влада посветена на евроинтеграциите.

„Со нетрпение очекуваме да работиме со силен парламент и стабилна владина коалиција која што треба да испорача во насока на еу интеграциите како стратешките цели на државата и да се осврне на очекувањата на граѓаните“, вели во писмена изјава портпаролката на Европската Комисија за проширување, Ана Писонеро

Новото собрание треба да се конституира 20 дена изборите односно до 4-ти август. По ова, претседателот на државата има рок од 10 дена да го додели мандатот за формирање влада.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.