Путин ја предупреди Украина да не презема непромислени чекори

Во телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, Путин побара од Германија да посредува кај украинските власти

Рускиот претседател Владимир Путин ја предупреди Украина да не презема било каков „непромислен чекор“ како што е прогласувањето на воена состојба откако руските сили во Црното море запленија три украински бродови заедно со нивниот екипаж.

Во телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, Путин рече дека е „сериозно загрижен“ поради развојот на настаните и побара од Германија да посредува кај украинските власти „да се воздржат од натамошни непромислени чекори“, соопшти Кремљ.

Кремљ и претходно предупреди дека воведувањето на воена состојба може да води го заострување на ситуацијата во источна Украина.

Претседателот на Украина Петро Порошенко рече дека воената состојба ќе помогне „да се зајакнат обранбените капацитети на Украина во услови на се поголема агресија и ,соодветно на меѓународното право, ладниот акт на агресија од страна на Руската федерација“.

Please follow and like us:

You May Also Like