ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Путин останува на власт до 2036 година, одлучија Русите на референдум

Русите гласаа со мнозинство за уставните измени што му овозможуваат на Владимир Путин да остане претседател до 2036 година, покажаа прелиминарните резултати.

За измените во Уставот на Русија гласале 78,03 проценти од руските граѓани, додека 21,16 проценти од граѓаните беа против, покажуваат податоците на Централната изборна комисија на Русија по обработката на 99 проценти од гласачкиот материјал.

Според првичните податоци, вкупната излезност на гласањето за измените на Уставот на Русија е 65% од вкупното гласачко тело, рече претседателката на Централната изборна комисија, Ела Памфилова.

Гласањето за измени во Уставот на Руската Федерација беше закажано за 22 април, но тоа беше одложено поради епидемијата на коронавирусот. Подоцна, рускиот претседател Владимир Путин постави нов датум на гласање – 1 јули. Сепак, како резултат на епидемиолошката состојба во земјата и безбедноста на граѓаните на Русија, беше можно да се гласа за измени во Уставот цела недела – од 25 јуни до денес.

Измени и дополнувања на Уставот на Русија

Во јануари 2020 година, Претседателот на Русија предложи измени во основниот закон на земјата, што ќе го направи овој документ повеќе усогласен со современите потреби. По дискусијата на работната група за измените, Државната Дума на Русија го усвои нацрт-законот даден од Путин на 11 март.

Во истиот ден, предлогот беше одобрен од Советот на Федерацијата. После тоа, рускиот претседател потпиша указ со кој се уредува гласањето за измените на Уставот да биде на 22 април, но овој датум подоцна беше одложен заради пандемија на коронавирусот.

Сегашниот Устав беше усвоен во 1993 година.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.