Путин и Трамп се согласиле да не се согласат за инцидентите со Украина

Рускиот претседател Владимир Путин на прес конференција во Аргентина на Самитот Г20 изјави дека сепак успеале со американскиот претседател Доналд Трамп да продискутираат за инцидентот во Црното Море. За време на кусата средба, Путин вели дека секој од нив има своја позиција за ситуацијата и се согласиле да не се согласат за Украина. Жали што нема да се состанат, посебно сега откако Трамп се откажа од Договорот за денуклеаризација на Иран. Путин вели дека е спремен за средба, кога Америка ќе се одлучи.

Please follow and like us:

You May Also Like