ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Путин и Вучиќ си разменија подароци

Српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот претседател Владимир Путин разменија подароци меѓу себе по средбата во резиденцијата „Бочаров Ручеј“ во Сочи.

Рускиот претседател на својот српски колега му подари пушка од кралот Милан Обреновиќ од 19 век, што Русите ја купиле на аукција, како што објавија некои српски медиуми.

Претседателот Путин, наводно, одлучил да му ја подари пушката на претседателот Вучиќ и со тоа да му ја врати на српскиот народ.

Претседателот Вучиќ му подари на Путин икона на Преображение Господово, која исто така е од 19 век.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.