Путин ги достави предлог-уставните измени во Парламентот

Рускиот претседател Владимир Путин достави пакет на уставни измени до Парламентот откако минатата недела неочекувано најави реформирање на политичкиот систем во земјата. Путин бара уставни измени со кои ќе се смени членот со кој се ограничува еден претседател да ја врши функцијата „само два последователни мандати“, се заклучува од предлог законот кој е објавен на веб страницата на државната Дума.

Путин уставните реформи ги најави во своето обраќање на 15 јануари, што ги загреа шпекулациите дека тој сака да остане на власт и по истекот на неговиот мандат во 2014 година. Формирана е работна група која ќе ги разгледа предлог измените на Уставот.

Please follow and like us:

You May Also Like