ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Путин: Вакцинацијата мора да биде доброволна

Европа

Путин: Вакцинацијата мора да биде доброволна

Објавено пред 49 минути – 29 јули, 2020

ОдМакфакс

Вакцинацијата против грип треба да биде доброволна, смета рускиот претседател Владимир Путин, а пренесе агенцијата „Спутник“.

Тој вели дека е неопходно луѓето компетентно да се информираат за важноста на вакцинацијата и да се направи процесот што е можно поедноставен.

„Дали да се вакцинира против грип или не е личен избор на секоја личност, но исто така е огромна одговорност на секоја личност за сопственото здравје и здравјето на своите најблиски, особено на родителите за здравјето на нивните деца“, рече Путин на состанокот за санитарно-епидемиолошката состојба во Русија.

„Се разбира, принципот на доброволност мора строго да се почитува“, истакна тој.

Претседателот изјави дека е неопходно да се информираат луѓето за важноста на вакцинацијата против грип и вирусни респираторни инфекции, да се зборува за тоа кога и во која здравствена установа може процедурата да се изврши бесплатно и по можност без да се чека во ред.

Рускиот лидер рече дека најважно е да се заштитат животот и здравјето на руските граѓани и дека надлежните мора да поаѓаат од таа логика.

Во Русија 17 научни институти во моментот развиваат 26 варијанти на вакцина против коронавирусот.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.