Протест на ,,Жолтите елеци” и во Холандија

Холандската полиција го затвори парламентарниот комплекс во Хаг , откако пред него се собраа стотина демонстранти облечени во жолти елеци , кои протестираат против високите цени на горивата.

Движењето ,,Жолти елеци” , кое пред две недели е формирано во Франција , каде денеска имаше масовни и насилни протести , се прошири и во Белгија и во Холандија.

Според холандската полиција биле приведени двајца демонстранти , додека еден од лидерите бил задржан во притвор во Мастрихт.

Откако демонстрантите се обидоа да се пробијат кон зградата на Парламентот , полицијата се обиде да ги потисне кон блискиот парк .

Please follow and like us:

You May Also Like