ПРОДОЛЖУВААТ ШОКОВИТЕ ЗА РОДИТЕЛИТЕ – нови „бомби“ ќе одекнат во судницата за „Монструм“

Родителите на дечињата кои беа во 2012 убиени монструозно кај Смилковици повторно ќе бидат сведоци на нови докази така што во судницата на  22 август ќе одекнат „бомби“ за случајот „Монструм“.

Седум години од петкратното убиство кај Смилковското езеро

веќе објави дека „бомби“ во кои се споменува убиството со 38.000 на број, но останува неизвесно колку од нив се важни за случајот, односно колку ќе одекнат во судница.

Исто така неодамна  Ел чека објави аудио снимка за случајот Монструм.

Во снимката наводно телефонски разговараат ексминистерот за правда Блерим Беџети со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во врска со екстрадиција на осуденик во случајот „Монструм“.

За потсетување,во случајот Монструм обвинети се шестмина. Двајца се недостапни за судот и се бара нивна екстрадиција од Косово. Ова е повторена судска постапка за убиството кај Смилковско езеро. Врховниот суд ги укина доживотните затворски казни и случајот го врати на повторно судење. Сега предметот е во рацете на специјалното јавно обвинителство.

Во 2015 година, поранешниот лидер на опозицијата, сега премиерот Зоран Заев, по објавувањето на прислушуваните материјали, вети објавување на таканаречените бомби за случајот Монструм, но тоа досега не се случи.

Премиерот беше дециден дека доказите од почеток до крај и се друго што поседувал се доставени до СЈО и дека со нив е запознат и таткото на едно од убиените деца.

„Таткото на едно од убиените момчиња имаше можност заради тоа што се родители да види како осомниченото лице Фејзи Азири разговара со тогашниот градоначалник Невзат Бејта молејќи да му бидат исплатени субвенциите и тој тоа го виде, го видоа и сите и така е предадено. Ги виде дури и телефоните што наводно биле скриени. Зошто? Заради тоа што можеби немам право јавно да објавувам вакви податоци, но имам право на некој родител кој изгубил дете тоа да му го покажам“, истакна Заев.

Родителите на убиените, како што рече, заслужуваат дополнителна истрага во овој случај бидејќи има и дополнителни докази што треба да се истражат.

„Нема никакво криење така што, апсолутно, поставувањето на ваквите прашања може да бидат само гол популизам, но транспарентноста во водењето на политиките на оваа Влада никој нема да успее да ги одврати. Колку и да е нешто болно, колку и да е нешто тешко, колку и да е нешто секојдневие во работењето, до крај граѓаните заслужуваат одговори и од оваа Влада ќе ги добијат сите можни одговори“, посочи Заев. Рече дека не смее да си дозволи како политичар да биде истражител и обвинител.

Please follow and like us:

You May Also Like