Преспанскиот договор ја тресе владата на Ципрас, Димитров добил уверување дека ратификација ќе има

Криза во владата на Алексис Ципрас. Преспанскиот договор ја растури коалицијата меѓу Сириза и Независни Грци. Првиот човек на коалицискиот партнер и министер за одбрана, Панос Каменос по средбата со грчкиот премиер порача дека неговата партија ја напушта владата. Лидерот на Независни Грци уште еднаш го повтори ставот дека тие не можат да поддржат и не се согласуваат со решение кое го содржи терминот Македонија…Каменос вели и дека и во Грција треба да се одржи референдум, односно заедно со евроизборите да има една гласачка кутија за Договорот од Преспа.

Во конкретниот момент кога се поставува прашањето за доверба за владата, но во суштина јасно се крие прашање за доверба за Договорот од Преспа, со тежина на срцето, велиме „не”. Велиме „не” тие што ќе останеме во овој обид. Сега грчкиот парламент е повикан да ратификува еден прелиминарен договор, бидејќи конкретниот договор не е ништо друго освен прелиминарен договор и секако различен од оној до кој стигнаа, кое што ја прекршува содржината на самиот Договорот од Преспа, бидејќи од страна на Скопје не е завршена уставната обврска од претседателот на земјата. Тоа е непотпишан текст.“ – изјави Каменос.

Каменос вели и дека секој пратеник кој ќе гласа позитивно кога ќе се стави на тест довербата во владата на Ципрас ќе биде исклучен од партијата и порача дека неговата партија ќе направи се што е во нивна можност договорот да не добие поддршка. Грчкиот премиер, прифаќајќи ја оставката, најави дека во скоро време во собранието ќе се оддржи и гласање за доверба. Во изјава по средбата која се оддржа утрово, Ципрас рече дека ќе ја прифати и секоја друга оставка која ќе дојде од редовите на коалицискиот партнер. Нов министер за одбрана во иднина ќе биде началникот на генералштабот, Евангелос Апостолакис.

Речиси четири години имав искрена соработка со Панос Каменос. Доаѓаме од различни политички семејства, сите идеолошки разлики се познати во јавноста. За националниот интерес работевме искрено и постигнавме многу. Успеавме да ја извлечеме земјата од кризата. Му Благодарам на Каменос не само за постинатото, туку и за искрениот разговор…Веќе разговарав со претседателот на собранието и побарав да почне процедурата за гласање на доверба на владата за да видиме дали можеме да го завршиме мандатот кој оваа влада го има до октомври 2019 година.“ – изјави Ципрас

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, по денешната оставка на грчкиот министер, вели разговарал со неговиот грчки колега Јоргос Катругалос од кого добил уверување дека владата во Атина останува посветена на Преспанскиот договор.

Ја видов веста за министерот за одбрана на Грција и лидер на Независни Грци Каменос кој ја напушти функцијата министер за одбрана. Имав веднаш потоа кратка коресподенција со мојот колега Јоргос Катругалос и добив уверување дека грчката Влада останува силно посветена согласно со националните интереси на Грција да ја заврши работата со Преспанскиот договор.“ – изјави Димитров.

Димитров вели и дела во блиски консултации меѓи двете Влади и двете Министерства за надворешни работи е најден начин домашниот внатрешен процес и влегувањето во сила на уставните амандамни, кои зависат од тоа кога и како ќе се заврши работата од Парламентот во Атина, да биде усогласен со влегувањето во сила на Преспанскиот договор.

Please follow and like us:

You May Also Like