Премиерот Заев од Струмица: Велигден ни дава сила и надеж, Христос Воскресна – Навистина Воскресна

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев вчера вечер, заедно со своето семејство го дочека Христовото воскресение во црквата Свети Григориј Палама и Димитриј во Струмица.

Во продолжение Ви го пренесуваме текстот од честитката којашто Премиерот Заев ја упати до сите верници по повод Велигден:

„Сакам да им го честитам најголемиот христијански празник, Христовото воскресение – Велигден на сите христијански верници коишто овие денови го празнуваат Велигден.

Воскресението Христово ја симболизира победата на животот над смртта и ја дава силата за надежта за излез од сите тешки ситуации со коишто се соочуваме сите ние граѓаните.

Верувам дека овој празник ќе ни донесе мир на сите, благосостојба на сите, меѓусебно почитување и секако ја користам приликата да им го честитам на сите христијански верници Христовото воскресение, како најголем празник којшто го славиме Христијаните“.

Please follow and like us:

You May Also Like