Премиерот Заев и министерката Царовска на работен состанок со Сојуз на Синдикати на Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев
заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила
Царовска и заменик министерот за информатичко општество и
администрација, Александар Бајдевски денеска во Владата на
Република Македонија остварија работен состанок со
претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко
Димовски и со претседатели на синдикати членки на ССМ од
приватниот и јавниот сектор.
Во рамки на овој работен состанок се отвори конструктивна
дебата за намдинивање на проблемите и состојбите со кои се
соочуваат синдикатите, а се разговараше и за законските одредби
од новиот Закон за работни односи чијашто цел е да ги унапреди
работничките права и безбедност при работа, правата на
работниците за синдикално организирање и начините за
утврдување на репрезентативноста на постоечките синдикати кои
ги застапуваат работничките права и обврски.
Премиерот Заев порача дека Владата на Република Македонија
останува цврсто на определбите да работи за унапредување на
работничките права заедно во консултација и партнерски однос со
работниците и работодавачите. Во таа насока премиерот Заев
рече дека политиките за зголемување на платите кои
продолжуваат и со Буџетот за 2019 се значаен чекор за
подобрувањето на животниот стандард на работниците.
Тој посочи дека синдикатите мора да бидат будното око за
правата на работниците и за таа цел мора да се работи на
зајакнување на синдикалното организирање.
Ваквиот конструктивен пристап на соработка и отворена дебата
помеѓу Владата на Република Македонија и синдикатите кој ќе
продолжи и во иднина беше оценет како исклучително важен за
унапредување на социјалниот дијалог.

Please follow and like us:

You May Also Like