Премиерот Заев до историчарите – „ Дијалогот треба да продолжи“

Заедничката комисија утре ќе се сретне во Охрид а ќе се дискутира за учебниците но и за Гоце Делчев. Скандалозната декларација на официјална Софија наиде на осуда во домашната и во тамошната јавност

СКОПЈЕ – „Владата останува посветена на градење на заеднички консензус за сите прашања од делокругот на работа на Комисијата“, е ставот кој премиерот Зоран Заев, на денешната средба, им го соопштил на историчарите од Македонија членови Заедничката комисија.

На средбата на која беа присутни и преставници од МНР се разговарало околу утѕрешната средба на комисијата која треба да се одржи во Охрид а на која ќе се дискутира за личности од клучниот период каде има најмногу несогласувања, деветнаесетиот и двесетиот век.

Од Владата соопштија дека станува збор за тековни консултации со историарите и дека останува посветена на Договорот за пријателство потпишан со Бугарија.

„На средбата беше истакнато дека Владата останува посветена на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, како и на негувањето на дијалогот и градење на заеднички консензус за сите прашања од делокругот на работа на Комисијата“, соопштија од кабинетот на премиерот.

Премиерот Заев Премиерот нагласи дека очекува надминување на недоразбирањата, смета на поддршката од Бугарија во евроинтергративните процеси а Декларацијата ја припиша на предизборите во соседната дрѓава.

„Бугарија е голем пријател на Македонија, но сега имаат избори. Кога тие имаат избори се се случува. Ние имаме Договор за добрососедство. Кога прифативме дека имаме заедничка историја, кажавме дека имаме и наша историја, но дека еден дел е заенички. Имајќи го во предивид Договорот, тие се согласиле да ни дадат согласност за членство во ЕУ“, изјави Заев.

Утре и задутре во Охрид ќе се состанат двете комисии. Од македонска страна се воздржаа од коментари околу очекувањата од оваа средба. Средниот век, учебниците и Гоце Делчев ќе бидат темите на кои историчарите ќе дебатираат.

„На средбата, која ќе се одржи во Охрид ќе продолжат разговорите каде што застанаа на последната средба. Утре и задутре ќе се разговара како да се изнајдат заеднички препораки за подобрување на учебниците по историја кои го обработуваат средновековниот период и раноосманлискиот период, како и дискусијата за евентуално заедничко чествување на Гоце Делчев“, велат нашите извори во Комисијата.

Официјална Софија минатата недела усвои Декларација со дваесетина точки односно услови од чие исполнување би зависела евентуална поддршка за членство во Унијата. Како услови во Декларацијата меѓу останатите се наведени – откажување на Македонија од македонското малицноство кое живее во Бугарија и отстранување на терминот „бугарски фашистички окупатор“ од текстовите во учебниците и натписите на спомениците и спомен плочите.

За Софија проблем е и македонскиот јазик и затоа се бара Македонијада се откаже од користењето на терминот „македонски јазик“ и во ЕУ да се користи формулацијата „службен јазик на Република Северна Македонија“

„Бугарија не треба да дозволи интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ да биде придружена со европска легитимизација на антибугарска идеологија спонзорирана од државата. Препишувањето на историјата на дел од бугарскиот народ по 1944 година е еден од столбовите на антибугарската идеолошка конструкција на југословенскиот тоталитаризам“, е ставот кој минатата недела го соопшти Владата во Софија.

Оваа декларација наиде на жестока осуда и критика кај домашните историчари и јавност а беше критикуванаод тамошните експерти.

Please follow and like us:

You May Also Like