Предвремените парламентарни избори ќе ја замрзнат економијата во првите шест месеци

Поради предвремените парламентарни избори економијата ќе биде замрзната во првите шест месеци следната година, оценуваат стопанствениците. Тие со резерва ги земаат прогнозите за растот на економијата што вчера ги објави Народната банка, зашто велат, на терен, долгорочните проекти веќе се во застој. Приватниот сектор повторно влегува во циклус на неизвесност предизвикан од политичките превирања.

„Кампањите на политичките партии веќе се започнати. И со самата најава за предвремени избори, компаниите веќе почнаа резервирано да гледаат на сите проекти кои ги имаат планирано за следната година. А со самато тоа што ќе бидеме во очекување на формирање на нова влада, се она што беше планирано за првите шест месеци од следната година дефинитивно ќе биде во фаза на застој. Не верувам дека ќе го постигнеме растот од 3.5% и покрај тоа што Народната банка оптимнистчки ги даде прогнозите.“ – вели Данела Арсовска, Сојуз на стопански комори.

Уморни сме од избори, од нејасни ставови и постојани промени, порачува бизнисот. За предвремени се зборуваше веќе три месеци, закажавме избори 5,5 месеци порано и да претпоставиме дека уште еден месец ќе има приговори, прегласувања. Практично, цела година сме во некаква тензија, вели Бранко Азески од Стопанската комора. За бизнисот од Северозападна Македонија, оваа година била успешна и покрај тоа што амбиентот не бил најдобар.

„Се надеваме дека политичкиот амбиент ќе биде на ниво. Исто така се надеваме дека преговорите за евроитнеграции ќе одат во позитивна насока и тоа ќе има дополнително позитивно влинание врз нашите инвестиции.“ – вели Неби Хоџа, Стопанската комора на Северозападна Македонија.

И Народната банка оцени дека економијата нема да остане имуна на предвремените паралментрани избори. Според нивните анализи растот до година ќе достигне до 3,8% од БДП, но проценка ќе се прави и откако ќе се види буџетот за следната година, кој министерката за финансии засега го чува во тајност. Буџетот заглави во Владата, зашто дел од министрите побарале повеќе пари од она што реално можело да се потроши.

Please follow and like us:

You May Also Like