Првотo дете во 2019, Ведран се роди една минута по полноќ

Првото чедо на фамилијата Ангеловски се роди една минута по полноќ во новата 2019 година.

Ведран е првото родено бебе на Клиниката за гинекологија и акушерство, момчето е тешко 3.920 грама, а долго 52 сантиметри.

Пораѓањето било со царски поради состојбата, но мајката Александра среќна и благодарна на дежурниот тим предводен од гинекологот Горан Кочоски.

На гости кај мајката и бебето дојдоа министрите за здравство и труд и социјална политика и градоначалникот на Град Скопје.

Штедна книшка од град Скопје, златник од министерството за труди и социјална политика, подароци и прегратка доби и од министерот Филипче, а до мајката совети за редовна вакцинација и добро здравје. Подароци и ваучери додели и компанијата „Виолета“.

Вечерта на клиниката се родиле 7 бебиња, од нив само едно девојче, соопштија денеска дежурната екипа.

На клиниката во 2018 година се родиле вкупно 4.630 бебиња.

Please follow and like us:

You May Also Like