ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

По 5 години Пендаровски повторно во трка за претседателската фотелја

Националниот координатор на НАТО Стево Пендаровски доби втора шанса да се трка за претседателската фотелја. Радо до рамо, зад Пендаровски застанаа Зоран Заев и Али Ахмети и уште 28 партии од коалицијата. Според Заев, Пендаровски е човекот кој ги обедини сите кои веруваат во политика на едно општество.

Ахмети рече и дека во 2014 година, ДУИ не го поддржале Пендаровски, затоа што тогаш не успеале да најдат заеднички јазик со тогашната партија на власт ВМРО-ДПМНЕ.

За официјално Пендаровски да стане претседателски кандидат на СДСМ, поддршка треба да ја добие утре на закажаниот партиски конгрес.

Пендаровски, Силјановска и Лека е професорската троја која ќе се трка за претседателската фотелја. Потписи за кандидатура собираат уште неколку претенденти за функцијата претседател на државата.

Инаку Пендаровски е поранешен потпарот во МВР, а беше и долгогодишен советник за безбедност и надворешна политика во кабинетите на Бранко Црвенковски и Борис Трајковски. Во 2017 година е назначен за национален кооринатор на НАТО.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.