ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Почна судењето за „Меѓународен сојуз“

Обвинителката Вилма Руковска е сигурна дека Боки 13 е виновен во Меѓународен сојуз. Освен за него, гледа вина и во Фросина Ременски, татко му Миле Јовановски и потпретседателката на Сојузот, Јасна Ерцеговиќ. Русковска на денешниот старт на судењето рече дека бизнисменот Силјан Мицевски парите ги префрлил кај пензионерка во име на преокт, чии 720.000 евра завршиле кај родителите на Боки 13. Тој им ги дал на неговиот татко и на Ерцеговиќ, кои, пак, ги уплаќале како позајмици или донации на фирмата која беше сопственик на „1ТВ“.

Во судница ќе сведочат и оштетените бизнисмени Мицевски и Адријан Амзовски, кои дале речиси еден милион евра на Меѓународниот сојуз за фиктивни проекти за кои гарантор била пратеничката и потпретседателка на Парламентот, Фросина Ременски.

„Бизнисмените коишто се спомнуваат во обвинението се долгогодишни партнери на мојата политичка партија Социјалдемократскиот сојуз, се истакнати бизнисмени во Република Македонија и моите конктакти со нив сигурно не биле поврзани со работата на невладината организација“, рече Ременски.

Обвинетите не чувствуваат вина за делата за коишто обвинителството ги товари, односно за измама и перење пари. Со докази и над 50 сведоци, тие ќе се бранат. Адвокатот не гледа вина.

„Ако за вакви постапки се покренува постапка за измама, тогаш 90 посто од предметите во стопанскиот суд треба да бидат третирани како изнуда“, рече адвокатот Сашко Дукоски.

На Боки 13 денеска му донесоа табла и маркер. Тој почна да ги презентира воведните говори. Но, тогаш во судница по вторпат му се слоши на неговиот татко, дојде брза помош, судењето беше прекинато. Ќе продолжи во четврток.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.