ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Почна втората фаза од тесирањето на вакцина кај луѓето против Ковид 19 во Кина

Кинеските истражувачи почнале со втората фаза од тестирањата на луѓето со потенцијалната вакцина против корона вирусот, соопшти денеска Институтот за медицинска биологија на Кинеската академија за медицинска наука.

Во втората фаза според соопштението на Институтот, ќе биде утврдена дозата на вакцина, а ќе се продолжи со проценката дали вакцината може безбедно да го покрене имунитетниот систем кај здравите луѓе.

Вакцината која ја тестира Институтот за медицинска биологија е една од шесте можни вакцини кои кинеските научници ја тестираат на луѓето.

Во претходната фаза на тестирањето во мај учествувале повеќе од 200 луѓе.

Повеќе од 10 вакцини се во различна фаза на тестирање кај луѓето ширум светот во моментот додека Светската здравствена организација предупредува дека пандемијата се забрзува и дека светот сега е во „нова опасна зона“.

Сите тие вакцини поминале низ клинички испитувања во рамките на завршната трета фаза, што е неопходно за да биде одобрена за продажба.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.