ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Потпишани првите договори од ИПАРД 2, постапката е збрзана

John Deere 8760 farm tractor with a folded farm tractor disc attached driving down a country road in Indiana.

До средината на октомври треба да се реализираат првите три инвестиции од преработувачката индустрија, со пари од ИПРАД 2 програмата. Договорите беа потпишани денеска во Министерството за земјоделство, а станува збор за вкупно 315.000 евра, кои ќе се вложат во опрема за сушење овошје и зеленчук, нова линија за свежи цедени сокови, и во опрема за преработка на млеко и млечни производи. Тројцата инвеститори велат дека наместо 1,5 година, колку што се чекало до сега за одобрување на проектите, постапката овојпат била многу брза и траела неполни два месеца од завршувањето на јавниот повик.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.