Последни обиди за двотретинско мнозинство за уставните измени

Се очекува утре да заврши дебатата за потребата од пристапување кон уставни измени. Партиите со последни обиди да се обезбеди двотретинско мнзоинство. Пратеничката група на СДСМ ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ја искористат како што велат историската шанса, да дадат подршка и да ја обезбедат иднина на државата. Ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски е исто, можеби и полошо од претходното од Никола Груевски. Но затоа, пратениците може да се издигнат над сето тоа и да не се однесуваат антизападно, вели координаторот на СДСМ Томислав Тунтев.

За ДУИ предвремени парламентарни избори не се решение.

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека пратеничката група е единствена и нема да ги подржи уставните измени. Го повикаа владејачкото мнозинство утре да пристапи кон гласање.

Партиите не откриваат дали по завршувањето на расправата во Собранието веднаш ќе се пристапи кон гласање, со што ќе се утврди дека има или не двотретинско мнозинство или пак само ќе се прекине седницата а гласањето дополнително ќе биде закажано. Доколку предлогот не наиде на подршка тогаш пратениците од СДСМ ќе иницираат предвремени парлеметарни избори, но претходно за ова ќе мора да добијат зелено светло од ДУИ, која во моментов не се согласува со оваа варијанта.

You May Also Like