Последен обид за убедување, Мицкоски: Глас за Силјановска, Ахмети вели за Пендаровски

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е подготвен да побара извинување за минатото, но и да понуди решение за граѓаните. Опозицискиот лидер им се обрати на граѓаните поканувајќи ги во недела да излезат на гласање и да го дадат својот глас за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска.

И лидерот на ДУИ, Али Ахмети ги покани граѓаните да гласаат за консензуалниот кандидат велејќи дека оваа партија обезбедила од 100 до 150 илјади гласачи кои ќе го поддржат Стево Пендаровски за претседател.

Од партијата Алтернатива на Африм Гаши, велат дека во недела Албанците ќе ја запечатат евро – атлантската иднина на Северна Македонија.

Пред еден ден, кандидатот за претседател кој учествуваше во првиот круг, Блерим Река, преку Фејсбук се изјасни дека сите тие кои гласале за него, нивно право е да одлучат кому ќе му го дадат својот глас во вториот круг. И двете опозициски партии Движење Беса и Алијанса за Албанците истакнаа дека треба да се излезе во недела на гласање да ја изразат својата сувереност, без да прецизираат за кој кандидат.

Please follow and like us:

You May Also Like