Поскапува лебот, ова се новите цени…

Поскапуваат лебот и белите пецива. Во просек една векна леб ќе поскапи за околу два до три денари, вели за Алсат Горан Малишиќ претседател на групација на мелничко – пекарската индустрија. Оваа одлука за зголемување на цената на основниот прехранбен производ е со образложение дека за 40 отсто е поскапено брашното кое се користи во индустријата. Годинава, жетвата на жито била многу лоша, а родот катастрофален. Мелничарите велат дека сега е потребно да се увезува поквалитетна пченица од Србија.

„Основната суровина за производство на леб и печива е зголемена, во последнава година како што знаете покачена е и нафтата. Пекарите се соочуваат и со други проблеми, недостасуваат работници. Сè помалку работници сакаат да работат во пекарството и нормално им се зголемени платите. Ова покачување од мелничко пекарската индустрија би било од 10 до 20 отсто за да се покријат загубите кои ги претрпуваме“, рече Горан Малишиќ, претседател на мелничко-пекарско здружение при СКМ.

Од Министерството за земјоделство велат дека не биле навремено информирани за покачувањето на цената на лебот од страна на мелничко-пекарската индустрија.

You May Also Like