ПОПУЛАРНИОТ БИВШ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ ЏО БАЈДЕН ЌЕ СЕ КАНДИДИРА НА ИЗБОРИТЕ ВО САД ВО 2020

Џо Бајден, еден од најпопуларните потпретседатели досега, објави дека ќе се кандидира за претседател на САД на изборите во 2020 година, ставајќи крај на неколкумесечните шпекулации.

„Основните вредности на нацијата, на нашата демократија, сѐ она што Америка ја прави Америка, се загрозени“, кажа Бајден во својата видеопорака.

Седумдесет и шестгодишниот Бајден е последниот во долгата низа демократи кои ќе се обидат да го предизвикаат Доналд Трамп. Тој веќе има 19 ривали, вклучувајќи ги Берни Сандерс, Елизабет Ворен и Камала Харис.

„Ако на Доналд Трамп му овозможиме осум години во Белата куќа, тоа засекогаш ќе го промени карактерот на оваа нација и јас нема да дозволам и гледам како тоа се случува“, вели Бајден.

Тој е најискусен меѓу надежите на Демократите за претседател: има шест мандати како сенатор, двапати неуспешно се кандидираше за претседател и беше потпретседател во двата мандати на Барак Обама.

Please follow and like us:

You May Also Like