ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Помпео: САД секогаш ќе го поддржуваат правото на Израел да се брани

Американскиот државен секретар Мајк Помпео за време на состанокот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека САД се посветени на поддршката на правото на нивниот сојузник да се брани, пренесува „Спутник“.

„Сакам да изразам сочувство за војникот кој беше убиен вчера и нè потсети на важноста да се осигураме дека сите луѓето во Израел имаат право да се бранат себеси и Америка постојано ќе ве поддржува во тие напори“, рече Помпео .

Нетанјаху, за возврат, му се заблагодари на Помпео што презеде таков ризик да патува среде пандемијата, нарекувајќи го тоа доказ за силата на нивниот сојуз и за посветеноста на американскиот претседател Доналд Трамп кон државата Израел.

„Наскоро ќе формираме влада на национално единство. Мислам дека ова е можност да се промовира мирот и безбедноста засновани на разбирањето што го постигнав со Трамп при мојата последна посета во Вашингтон во јануари. Ова се огромни предизвици и можности и можеме да се соочиме со нив зашто имаме таква моќна врска поради која сојузот меѓу Израел и САД се истакнува. Таа врска никогаш не била посилна“, истакна Нетанјаху.

Се очекува Помпео да се сретне и со поранешниот најголем политички ривал на Нетанјаху, спикерот на Кнесетот, Бени Ганц. По три изборни циклуси во рок од една година, тие потпишаа договор за коалиција и се во завршна фаза на формирање на владата, која се очекува да биде инаугурирана на 14-ти мај.

Помпео отпатува во Израел во услови на пандемија за да ја поздрави новата влада и да разговара за билатерални, регионални и глобални прашања, вклучително и за плановите за анектирање на делови од окупираниот Западен Брег и за т.н.  „малигни активности“ на Иран.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.