Помпео објави мапа со Турција поделена на два дела (ВИДЕО)

Американскиот државен секретар Мајк Помпео на Твитер им се заблагодари на земјите што го признаа самопрогласениот привремен претседател на Венецуела Хуан Гуаидо

Меѓутоа, во видеото што го објави со мапа на светот се забележува дека Турција е поделена на два дела.

„Ги поздравуваме Австрија, Белгија, Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Исланд, Летонија, Литванија, Луксембург, Македонија, Холандија, Полска, Португалија, Шпанија, Шведска и Британија поради поддршката за венецуелскиот народ и признавањето на Хуан Гуаидо за привремен претседател“, напиша Помпео.

Покрај ова објавена е и кратка снимка која ја покажува мапата на светот на која Венецуела е обележана со жолта боја, а земјите што го признаа Гуаидо со сина.

You May Also Like