Полицијата наскоро ќе казнува за овој прекршок – казните се големи

Почнувајќи од 15 ноември, стапува на сила задолжителната обврска која ќе трае до 15 март

За возачите на автомобили, џипови и лесни камиони е задолжително носење зимски гуми и синџири, додека пак за возачите на автобуси и тешки камиони, и лопата ако на погонските тргала е невозможно да се постават синџири за снег.

Санкционирањето во претстојната зимска сезона ќе биде согласно постојниот правилник за зимска опрема во автомобилите, со кој се пропишува казна од 45 евра во денарска противредност, односно на возачот ќе му се регистрираат 25 негативни бодови.

Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, полициски службеник може да му нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема. Исто така, полициски службеник може да нареди на возач да го прекине натамошното движење и тогаш кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно полицискиот службеник може да му нареди на возач задолжително да ја постави на возилото зимската опрема.

Обврската за задолжителната зимска опрема трае до 15 март следната година.

Please follow and like us:

You May Also Like