Пензионерот Богдан Дамјановски од Кисела вода е заинтересиран за купување на 1ТВ

Наводниот инвеститор крена раце од 1ТВ, медиумот за кој до пред апсењето Боки 13 се претставуваше како газда. ИРЛ објавува дека инвеститорот се откажал поради преголемиот долг од 400 000 евра за кој што вчера информираше УЈП.

Пензионерот – посредник на зделката Богдан Дамјановски за порталот тврди дека неговиот пријател бизнисмен од Холандија се откажал од купување на телевизијата, бидејќи првичниот договор со таткото на Боки 13, Миле Јовановски и Јасна Мандиќ бил на помала сума.

Наводно договорот за купување на уделите во БМЈ медиа груп која е сопственик на 1ТВ „паднал“ минатата недела, пред тие да станат осомничени во новата истрага за финансирање на Меѓународниот сојуз. Но идејата пропаднала откако вчера УЈП ја претстави сумата која ја должи телевизијата.

По веста дека 1Тв има нов сопственик се јави Агенцијата за медиуми од каде информираа дека медиумот не смее да добие нов газда се додека тие не дадат зелено светло за промена на сопственичката структура.

А постои можност да и се одземе лиценцата поради одредени пропусти, но за тоа ги чекаат документите кои со помош од МВР треба да бидат обезбедени. Законски за да биде одземена лиценца, телевизијата треба да има прекин на програма 30 дена континуирано

Please follow and like us:

You May Also Like