Пендаровски: Јас не изгубив од Иванов, туку луѓето беа натерани да гласаат за него

Стево Пендаровски, кандидатот за претседател на СДСМ, во интервју за МИА говореше за претстојните избори за претседател и за претходните избори кога тој загуби.

–  Во меѓувреме се смени демократскиот амбиент комплетно. Ние бевме заробена држава во тој период, не по моја или ваша констатација, туку според ЕК, според Брисел, од неколкумина. Ниту имавме рамноправен пристап кон медиумите, државните ресурси беа злоупотребувани за партиски кампањи… Главната причина е што сега во демократски амбиент луѓето имаат право да ја кажат својата волја за кандидатите, а тогаш тие тоа го немаа. Во 2014 година јас не изгубив, туку луѓето беа натерани да гласаат за еден кандидат наспроти друг и тој изборен инженеринг во неколку предмети е третиран од СЈО. На локалните избори 2017 година дотогашниот режим беше тотално поразен, вели тој за изборите кога победи Ѓорѓе Иванов за претседател на Македонија.

Доколку ја добие довербата од граѓаните, нема намера да бара повеќе надлежности за институцијата претседател, но жестоко ќе се спротивстави, нагласува, на евентуални обиди да се намалат тие надлежности. Ќе се залага за континуирано зголемување на буџетот за одбраната и Армијата, како и тоа претседателот на државата да биде не само врховен командант на вооружените сили, туку да биде и на чело на националната безбедност. Во таа насока, во интервјуто, меѓу другото, посочува дека со најавените измени во разузнавачко-безбедносниот сектор, претседателот треба да задржи значаен дел од надлежностите што сега ги има во таа т.н. координација на тој сектор, без да биде донесен во подредена ситуација.

Please follow and like us:

You May Also Like