Пендаровски во вторник на средба со Макрон

Македонскиот претседател Пендаровски на 12 ноември лично на Макрон ќе му ги образложи аргументи и ќе се обиде да го убеди зошто земјава сега треба да добие датум за преговори со ЕУ, но и ќе ги слушне аргументите за скептичноста на Макрон од проширувањето на Унијата.

Потврда за средбата стигна од Кабинетот на претседателот Пендаровски, кој во рамки на Парискиот мировен форум, идниот вторник ќе ја има билатерална средба со Макрон. Средбата на двајцата претседатели доаѓа во период на засилен притисок на европските институции и членки на ЕУ врз Франција, но и врз другите две земји, Холандија и Данска, да ја сменат одлуката за пристапувањето на земјава и за Албанија и да дозволат датум за преговори.

За притисокот врз трите земји потврда е и ставот на претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, кој и денеска повтори дека забелешките кои ги имаат трите земји очекува наскоро да бидат замолчени.

„Во овој момент свеста на политичарите, институциите, на водачите на државите е исто така и одговорност на европските институции овој застој да не продолжи, тој да биде само еден миг. Не смееме да застанеме, сите ние треба да се заложиме за тоа. И забелешките кои што биле кажани од страна на малку држави, сигурен сум дека ќе успееме, дефинитивно да ги замолкнеме и да ги расчистиме проблемите кои се појавија“, изјави Давид Сасоли, претседател на Европски Парламент.

Сасоли кој се обрати во македонското Собрание недобивањето датум го нарече историски застој, а не историска грешка, кој, како што рече, секако ќе биде надминат. Во меѓувреме, потенцираше Сасоли, земјава не смее да запре со спроведување на реформите.

„Сфаќаме дека и ЕУ мора да го направи својот дел од работата, а и земјите кои што се заинтересирани за влегување во ЕУ да продлжат со својот пат. Нема сигурно да завршат кога ќе почнат пристапните преговори. Тоа ќе биде само момент кој ќе го зајакне процесот на реформите за кои што има потреба и во Северна Мскероднија“, порача, Давид Сасоли, претседател на Европски Парламент.

Тој пред пратениците изрази жалење што постојата забелешки дека не е добро што земјава го променила името, што според него всушност е голем и одлучувачки чекор што ќе и овозможи на Македонија пристап и членство во ЕУ и НАТО.

Сасоли во Македонија допатува во мисија да го намали разочарувањето во земјава по недобивањето на датумот и да го пренесе ставот на Европскиот парламент дека не се согласува со одлуката на Европскиот совет и бара тој да ја смени одлуката за Македонија и за Албанија што е можно побрзо.

Please follow and like us:

You May Also Like