Патарините годинава ќе стануваат електронски, но вработените не се намалуваат

По огласот за 84 вработувања на патарините директорот Зоран Китанов тврди дека не станува збор за нови вработувања туку дека се огласени веќе постоечките работни места, бидејќи договорот на определено им истекол на вработените и повторно се пополнуваат истите места.

Тој најавува дека за еден месец ќе почне и електронската наплата на 5 патарини – Сопот, Отовица, Петровец, Романовце и Миладиновци. Но, и покрај воведувањето на електронска наплата бројот на инкасанти останува ист? Китанов планира процесот на намалување на патарините на кои се плаќа во кеш да потрае година до две .

„Не може преку ноќ наплатата да биде целосно електронска. На почетокот ќе биде и со кеш и со специјални картички. Постепено ќе се зголемува бројот на кабини со картички, а ќе се намалуваат кабините за кеш“, кажа Зоран Китанов, директор на Јавното претпријатие за државни патишта.

Последниве 10-тина дена се објавени огласи за околу 350 вработувања во државни институции и јавни претпријатија, на определено и на неопределено време. Премиерот Заев, но и одговорните на дел од институциите, убедуваат дека се пополнуваат постоечки и испразнети места кои сега ќе ги пополнат. И од Транспорт и врски каде со оглас се бараат 40 советници-соработници и раководители, ни дадоа сличен одговор.

„Најголем дел се за пополнување на испразнети работни места. Според систематизација недостасува стручен кадар во министерството, урбанисти, планери градежни инженери“, соопштија од Министерство за транспорт и врски.

Претходно најавите се вработување на 120 заменици директори на ЈП предизвика рекации во јавност. Експертите реагираат дека продолжува да се полни државната администрација на товар на буџетот наспроти вербалните заложби на власта да не се зголемува амдинистрацијата и да се прави функционална анализа така што вишокот вработени ќе се прераспределува на други соодветни места.

You May Also Like