ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Партиите неформално разговараат за датумот за избори, лидерска следната недела

Лидерска средба кај шефот на државата Стево Пендаровски најрано е можна дури кон средината на наредната недела, откриваат партиски извори од власта и опозицијата. Нема неформални разговори за приближување на ставовите за датум за избори,но контакти има. Официјално СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ меѓусебно се обвинуваат која партија ризикува со здравјето на граѓаните со лицитација на датуми за избории која партија не сака договор.

Од СДСМ велат дека тргаат токму од здравјето на граѓаните и потребата за функционални институции, па бараат избори што поскоро.

„СДСМ е одговорна партија, ние сакавме компромис и затоа и учествуваме на лидерските средби. Но, ако ВМРО-ДПМНЕ не сака договор, ние нема нема да дозволиме штета на државата и граѓаните. Договор за одржување на предвремените параламентарни избори е можен се додека трае вонредната состојба. Понатаму стапува на сила законот кои вели дека изборите треба да се одржат на 21 јуни“, вели Кузевска.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека датумот со кој лицитира СДСМ е само поради спас на кариерата на нивниот лидер Зоран Заев.  Нова лидерска средба очекуваат само ако има приближување на ставовите.

„Ова е можно доколку има приближување на ставовите, од една страна имаме рационални ставови во однос на организирање избори коишто се пласирани од нас како ВМРО-ДПМНЕ,со кои што се согласуваат граѓаните. Од друга страна имаме ставови коишто се небулозни, конфузни од страна на СДСМ и коишто се единствено во насока во обид да ја спасат и онаа криминална кариера на Зоран Заев. Во моментов нема приближување на ставовите“, вели Димче Арсовски.

Од кабинетот на Пендаровски велат дека засега најава за нова лидерска средба нема.

Претседателот е подготвен да свика нова лидерска средба во оној момент кога ќе процени дека ставовите на политичките партии се проближуваат, велат од кај шефот на државата.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.