Палмер: САД ќе ја подржува Македонија се додека оди кон НАТО

Би сакал да истакнам за народот на Македонија и за политичките лидери на земјата дека се додека одат напред на овој пат кон европската интеграција и зачленувањето во НАТО, кон отворање на преговорите за членство во ЕУ и евентуално зачленување, раководството во Македонија и македонскиот народ ќе ја имаат безервната поддршка на САД“. изјави , Метју Палмер – американскиот заменик/помошник секретар за Европа

Иако имаше густа агента на средби, Палмер не се сретна со Претседателот Ѓорге Иванов, а ниту со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Прашан за причината, Палмер изјави дека ограниченото време го организирал на тој начин на кој мислел дека ќе го искористи најдобро. Во текот на денот се сретна и со лидерите на петте партии на Албанците. Лидерите на владеачките три партии, ДУИ, Беса на Африм Гаши и ДПА му рекле дека безрезервно ќе го поддржат спроведувањето на Договорот од Преспа. Лидерите на опозициски партии, Беса на Билал Касами и Алијанса за Албанците најавија дека при уставните измени ќе го отворат и албанското прашање за конечно и Албанците бидат рамноправни со Македонците во државава. изјави , изјави, Зоран Заев – премиер

You May Also Like