ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Палмер: “Иницијативата на Македонија, Србија и Албанија има поддршка од САД”

Beograd, 19. oktobra 2018.- Zamenik pomocnika americkog drzavnog sekretara Metju Palmer (na slici) istakao je danas da SAD podrzavaju dijalog Beograda i Pristine u cilju da se postigne dogovor koji bi vodio ka punoj normalizaciji odnosa. "Imali smo opsezne razgovore u vezi bilateralnih odnosa, stvarima koje mozemo zajedno da uradimo i ojacamo odnose. Razgovarali smo opsezno o americkoj podrsci evropskom putu Srbije", preneo je Palmer na konferenciji za stampu nakon razgovora sa predsednikom Srbije Aleksandrom Vucicem. FOTO TANJUG/ DIMITRIJE GOLL/ nr

“Малиот Шенген е иницијатива која ветува и ја има нашата поддршка”, рекол Метју Палмер во Женева.

“Европската перспектива на Западен Балкан која е основа на американското ангажирање во регионот подолго од 20 години не се промени и нема да се промени”, рекол Метју Палмер, заменик помошникот на државниот секретар на САД и специјален претставник на САД за Западен Балкан.

“Бидејќи неможноста на Европското собрание да постигне консензус за отворање на преговори со Северна Македонија и Албанија беше длабоко разочарувачка, се надеваме дека Европското собрание ќе може да ги ревидира тоа прашање и да постигне напредок на состанокот на лидерите во Загреб, односно да го најде неопходниот консензус и да го отпочне тој важен процес и да прати важен сигнал за регионот”, рекол Палмер.

“Во меѓувреме, како САД преземаат поголема улога на Западен Балкан, а ЕУ е во опасност да се перцепира во регионот како да се повлекува, самиот регион презема иницијатива. Посветеноста на Србија, Албанија и Северна македонија за подобрување на соработката преку иницијативата наречена мини Шенген е демонстрација дека лидерите во регионот преземаат одговорност над својата судбина, контрола над сопствената иднина”, истакнал американскиот службеник.

Според неговите зборовите, структурата на таа иницијативата е отворена, во неа има место за Црна Гора, БиХ и Косово.

“Тоа е иницијатива која ветува, ја има нашата поддршка и за која сме посветени во партнерството со лидерите на Западен Балкан за да постигнеме напредок”, заклучил Палмер.

Да потсетиме, на иницијатива на Александар Вучиќ, претседателот на Србија, премиерот на Македонија Зоран Заев и премиерот на Албанија Еди Рама неодамна во Нови Сад потпишале декларација за намерите за воспоставување на мал Шенген меѓу овие три земји

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.