Официјална Софија не отстапува – Гоце Делчев е бугарин

Вистината за македонскиот идеолог и револуционер Гоце Делчев останува трн во око за бугарските челници. За шефицата на дипломатијата Захариева не спорно било дека за Бугаринот Делчев не треба да се разговара кому припаѓал – тоа било јасно, најважно е во преговорите било да се знае дека помагал за автономија на Македонија.

„Имаме заедничка историја, така вели и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави. Она што сака да го каже Бугарија во овој договор, е вистината – Гоце Делчев е Бугарин, истакнат револуционер, еден од најважните фигури и за нив, кој се борел за автономијата на Македонија. Не гледам што толку се караме за него, би требало оваа личност да да нѐ обединува, а не да нѐ разделува“, рече Захариева.

Во целата приказна околу бугарските убедувања за тоа чиј е Гоце политички поени добива и претседателот Пендаровски. Неговата изјава дека Гоце Делчев се декларирал за Бугарин и во исто време се борел за самостојна македонска држава беше јавно пофалена од бугарскиот премиер Борисов, според кого тоа била вистината за заедничката историја.

-Задоволни сме што вистината за нашата заедничка историја, вклучувајќи ја и за Гоце Делчев, почнува да се кажува јавно од политичари на највисоко ниво во Македонија, каков што е случајот со претседателот Стево Пендаровски, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.

И додека бугарските официјални лица не отстапуваат од историските факти, бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски повторно ја оживува идејата од Црно Море до Охрид да не постојат граници. Но и упатува и закана до претседателот на македонската комисија дека тој нема право да кажува чиј револуционер бил Гоце Делчев, оти македонска нација немало пред 1944-та.

-Каков е еден човек , најдобро опишува тој самиот за себеси…Георги Николов Делчев пишува писма на рака во кои се нарекува Бугарин. Ако бил бугарски офицер, кадет, учител, браќата му биле во бугарски чети и загинале во бугарски битки – па кој е тогаш проф. Драги Ѓоргиев за да ја промени историјата. Историската гледна точка е следната – до 1944 година потеклото, карактерот и самопризнанието на населението во Вардарскка Македонија е бугарско.“, тврди тој.

Преговорите на македонско-бугарската комисија за чешлање на историјата и менување на учебниците заглавија токму во делот со припадноста на Гоце Делчев.

Please follow and like us:

You May Also Like