Откриено кога ќе го пуштат Вучиќ од болница – Останува закажаната средба со Пендаровски

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ е во добра здравствена состојба и останува закажаната средба за в петок со македонскиот претседател Стево Пендаровски, потврдуваат за  од двата кабинети на претседателите.

Според информации  стабилна е здравствената состојба на Вучиќ и во текот на утрешниот ден ќе биде пуштен од болница.

За потсетување, Александар Вучиќ вчера беше итно хоспитализиран поради проблеми со срцето.

Српскиот претседател бил примен на Воено-медицинската академија во Белград, соопшти Генералниот секретаријат на Претседателот на Србија, а веста рано наутро ја објавија сите српски медиуми.

На Вучиќ вчеравечер нагло му се слошило откако беше на разгледување на проектот „Белград на вода”.

Please follow and like us:

You May Also Like