ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Отворање на границите на 26 јуни без пцр тестови

Патниците кои што ќе летаат од македонските аеродроми ќе треба да пристигнат најмалку три часа пред нивниот лет, а заштитна маска и дезинфекција пред влезот ќе биде задолжително.

На патниците ќе им се мери температура, а во аеродромската зграда ќе можат да влезат само лицата кои патуваат, но не и нивните семејства и пријатели кои ги испраќаат или ги чекаат да пристигнат. Ова се дел од протоколите според кои ќе работат аеродромите. Од ТАВ велат дека распоредот на летање ќе се објавува на веб страниците на двата ародроми.

„Во врска со распоредот на летање, којшто не зависи само од Одлуката на Владата за реотворање на аеродромот за патнички летови, туку и од одлуките на авиокомпаниите, како и земјите до чии дестинации се леташе од Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, пред коронавирус-кризата, ТАВ Македонија ги упатува сите патници да ги следат веб-страниците на двата аеродроми, каде што ќе бидат објавени најновите распореди на летање.“ – велат од ТАВ.

Отворањето на границите има економска оправданост, сметаат дел од здравствените експерти. Спроед професорот Пановски опасноста е поголема за државите во кои што Македонците ќе патуваат, но предупредуваат дека постои опасност и од увезени случаи со коронавирусот кај нас . Вели дека шансата за држење под контрола на вирусот и онака е веќе пропуштена и сега вели останува на одговорноста на граѓаните.

„Мислам дека зад одлуката е повеќе економијата во прашање отколку политиката. Политика можеби имаше кога нагло се опуштија мерките некаде на 26-ти мај што не требаше, според мене требаше постепено да се направи тоа. Сега ситуациајта е таква да болеста е веќе проширена и се е оставено на дисциплината на народот и од нас зависи колку ќе се шири болеста и во смисла на отворањето на границите ќе има само спорадични случаи.“ – вели проф. Д-р Никола Пановски – микробиолог.

Владата одлучи од петок да се отворат сите гранични премини без приложување на тестови, и без задолжителна изолација. Од 1ви јули ќе почнат со работа и аеродромите во Скопје и во Охрид.

Во меѓувреме пак во регионот, Владата на Бугарија донесе одлука да ја продолжи вонредната состојба до 15 јули поради новиот бран на заразени со новиот коронавирус, а хрватскиот министер за внатрешни работи најави нов граничен режим за граѓаните на БиХ и на Србија, кој би можел повторно да вклучи обврска за двонеделна самоизолација. Кризниот штаб за справување со Ковид 19 во Србија повторно воведе задолжителни мерки за заштита од вирусот.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.