Осумнаесет жртви на земјотресот во Албанија, спасувачките напори продолжуваат

18 загинати од кои 3 деца и најмалку 600 повредени е билансот од земјотресот кој во 3 часот и 54 минути ја потресе цела Албанија со 6,4 степени по Рихтер. Најголемиот дел од загинатите и најголемата штета е во Драч, кој и беше најблиску до епицентарот на земјотресот. Дури 12 од жртвите се од градот, петмина загинати има во Тумана и една жртва во Курбин.

Го почуствував во спалната и истрчав кон собата на децата а вратата падна врз мене. Повредени ми се двете раце, ова е хорор, хорор.

Повеќе објекти се целосно урнати во Драч, меѓу кои два хотела и станбена осумнаесеткатница, во кои и се пронајдени 5 од жртвите. Најмалку 3 целосно урнати станбени згради има и во Тумана во кои животите ги загубија петте жртви од градот.

Не се сеќавам на ваков земјотрес после 1979 година. Вакво нешто никогаш не се случило.

Повредените ги преплавија болниците а според Министерството за здравство, голем дел од нив се со тешки повреди. На 30 километри од Драч, во престолнината Тирана само во Универзитетската болница биле примени речиси 200 повредени.

Имавме 180 пациенти кои побарале помош во болницата Траума. 15 се хоспитализирани, а 20 други се прегледани. Тројца се во сериозна состојба. Тие имаат претежно повреди на главата и екстремитетите. Оттогаш се под интензивен надзор. Останатите имаат полесни повреди. Сите добија потребен третман и ја напуштија болницата, .

вели директорот на центарот за Трауматологија Арбен Зенелај

Спасувачките екипи се во трка со времето. Урнатите објекти кои треба да се пребараат за преживеани се во голем број а не им ја осленува работата ниту непознатиот број исчезнати лица како и постојаните афтершокови. Само два часа по првиот земјотрес имаше нов силен потрес од 5,4 степени а во текот на денот беа почуствувани уште стотина послаби потреси кои дополнително ја зголемуваат паниката во земјата.

Please follow and like us:

You May Also Like