Остри тонови на релација Белград – Приштина

Ситуацијата за Србите на Косово е се потешка бидејќи Приштина најверојатно до Нова година нема да ги повлече таксите од 100 насто за српските производи, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за ТВ Пинк. Тој рече дека Белград на сите можни начини ќе му помогне на својот народ да живее колку што е можно добро. Белград и Приштина се далеку од дијалог, уште помалку за спогодба, вели Вучиќ и порача дека Србија, ако Албанците тоа го сакаат, е подготвена за разговор кој може да донесе задоволителна иднина, за Србите и Албанците.

„Албанците мислат дека цело Косово е нивно, а Србите, посебно тие од Косово, знаат дека косово не е наше. Албанците не сакаат некој вид компромис, но ако сакаат ние сме подготвени за разговор и договор. Само нека ги укинат тие такси. Ние ќе се однесуваме правно“. – изјави Александар Вучиќ.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај пак, му порача на Белград дека се додека Србија продолжува да работи против Косово, таксата од 100 отсто на увозот на српски производи нема да се укине.

„Гледате дека српската премиерка продолжува со писма до разни влади и не се срами да му пишува и на Еди Рама и да бара од него повлекување на признавањето. Затоа, се додека Србија има таков пристап, многу лесно може да се разбере зошто ние сме постапиле така“. – изјави Харадинај.

Говорејќи за формирањето на приштинскиот тим за дијалог, Српскиот претседател Вучиќ изјави дека тоа е јасна порака до Србите дека не сакаат компромис. Од друга страна, косовскиот премиер Харадинај потврди дека претседателот на Косово Хашим Тачи ќе продолжи да го води дијалогот за нормализација на односите со Белград.

Please follow and like us:

You May Also Like