Опозицијата бара одговорност за Рашковски

Јавното обвинителство да превземе итни мерки за Рашковски, а премиерот Заев да го разреши од функцијата генерален секретар. ВМРО-ДПМНЕ вели дека е крајно време институции да се позанимаваат со спорниот тендер за радарскиот систем на скопскиот аеродром. Опозицијата обвинува дека последната аудио снимка објавена вчера е уште еден доказ дека Рашковски е дирекно вмешан во криминал тежок 7 милиони евра и дека е свесен дека она што го прави е незаконско.

– Според објавеното во медиумите Драги Рашковски усно му наредува на Чепуњовски да одлучи во врска со случајот.Според слушнатото од аудио разговорот се наметнува уште едно прашање, што е предмет на истрага, а го прават лицата кои се предмет на аудио снимката? Признава ли Рашковски директно дека набавката е криминална и може да биде предмет на истрага?

Сметаме дека е крајно време е Јавното обвинителство да се заинтересира за овој случај со 7 милионската аванта која Драги Рашковски по насока од страна на Зоран Заев ја договара со фирмата Леонардо, вели Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Заев вели дека се уште ја нема слушното снимката, но дека внимателно го следи случајот и реакциите на јавноста. За сега останува на ставот дека Рашковски не прави ништо спротивно на законот.

Порталот лидер вчера објави нова аудио снимка од состанок помеѓу Рашковски, техничкиот директор на М-НАВ Чепуњовски и претставници на италијанската компанија Леонардо. Порталот тврди дека оваа снимка е доказ дека генералниот секретар е свесен дека воопшто не смее да комуницира со Леонардо бидејќи во моментот на состанокот компанијата се уште го нема добиено тендерот.

Please follow and like us:

You May Also Like