ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за нови цени на горивата, кои започнуваат да важат од ноќеска на полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,00 денар.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 68,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 71,00 ден/лит, а ЕУРОДИЗЕЛОТ  за 63,00 ден/лит. Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 52,50 денари за литар.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.