ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Од полноќ нови цени на горивата

Денеска напладне Регулаторна комисија за енергетика треба да ги соопшти новите цени на горивата, кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела малопродажните цени на нафтените деривати се зголемија во просек за 8,50 отсто.

Малопродажната цена на бензинот „еурсупер 95“ се зголеми за три денари за литар и изнесува 57,50 денари, додека на бензинот „еурсупер 98“, на еуродизелот (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 2,50 денари за литар, па „еурсупер 98“ чини 59,50 денари, еуродизелот (Д-Е V) 49,50 денари, додека екстра лесното масло за домаќинство 37,50 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 3,929 денари за килограм во однос на цената утврдена со Одлуката минатата недела и ќе изнесува 23,427 денари.

-Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот
седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 23,66 отсто или за 57,200 долари за тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 16,74% или за 40,900 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 20,86% или за 45,800 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за
околу 19,69% или за околу 33,900 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати
е извршено соодветно прилагодување. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 56,5651 ден/$ и е за околу 0,602 % понизок од курсот на доларот (56,9074 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка, објаснува Комисијата.

Останува да видиме дали не очекува уште едно зголемување на цените.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.