Одмолче, па се испофали дека постапил исправно – шефот на дипломатијата се „пере“ за Рекет

Имал ли министерот за надворешни работи Никола Димитров сознанија или пак само претчувство за криминалните дејствија поврзани со случајот „Рекет“. Повеќе од еден месец откако изби аферата која ја здрма домашната и меѓународна јавност, првиот дипломат сам се пофали – ниту имал средба со Боки 13, ниту пак потпишувал меморандум со неговата меѓународна организација.

„Да бидеме начисто, бидејќи има премногу “сите”: јас ниту сум имал средба, ниту фотографија, а уште помалку меморандум со Боки 13. Ова се разбира само по себе не е ни за фалење де, освен што изгледа сум имал правилно претчувство што пропуштам“, пиша Димитров на Фејсбук.

Дали министерот, кој воедно е и прв линк на земјава со меѓународната заедница знаел за нелегалните активности поврзани со Бојан Јовановски, Алфа одговор побара во кабинетот на Димитров. Оттаму ни рекоа дека министерот е на службено патување во Данска.

Димитров откако се иззема од одговорност за случајот „Рекет“, повика истиот да биде расчистен. Сепак, остана должен да објасни зошто не реагирал на време, ако имал претчувство дека нешто нелегално се случува во земјата. Тој побара целосно и одлучно расчистување со сите, како што рече валканици, што излегоа на виделина, кон кого и да водат.

„Иако целата приказна згрозува до апатија, ако тој кој требало да го гони криминалот, се ставил на страната на криминалците, тоа мора да биде само дополнителен мотив во борбата за правда, а не дигање раце. “Рекет” всушност е раскрсница. Едниот пат води кон иднина, другиот пат кон бездна. Можеби дојде време да се преброиме“, пиша шефот на дипломатијата на социјалните мрежи.

Инаку, во неговото молчење, Димитров го надмина дури и шефот на државата кој за „Рекет“ се огласи еден месец откако изби аферата.

 

 

Please follow and like us:

You May Also Like