Обвинителството внимателно следи, но не отвора случај за Драги Рашковски

Основните јавно обвинителство сé уште не отвора случај по јавните обвинувања за генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, но од таму велат дека внимателно го следат овој случај.

Во моментов, Државната комисија за спречување на корупцијата е единствената институција која отвори.случај, а барање до обвинителството да постапи побара вчера опозицијата.

Од ОЈО велат дека ако се докаже дека постојат елементи за кривично дело и ако има правна основа, тие ќе постапуваат во согласност со законските надлежности. Во меѓувреме, објавена е нова “бомба” во онлајн-медиумите, велејќи дека Рашковски бил свесен дека не можел да преговара со фирмата “Леонардо” за купувањето на безбедносен ситем за М-НАВ, бидејќи тендерот не бил комплетен.

Од М-НАВ веќе рекоа дека ќе соработуваат со сите истражни тела.

Please follow and like us:

You May Also Like