ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Обама ја критикува Белата куќа: Апсолутна катастрофа, не знаат што прават

Поранешниот американски претседател Барак Обама повторно ја критикуваше Белата куќа поради начинот на кој управува со актуелната криза.

Тој оцени дека многумина во администрацијата не знаат што прават.

„Повеќе од се, оваа пандемија конечно покажа дека многумина надлежни во администрацијата не знаат што прават, а некои од нив се прават дека не се воопшто надлежни“ рекол Обама на годишнината од дипломирањето на студентите од Афроамериканскиот универзитет ХБЦУ.

Ова е вторпат поранешниот претседател, кој инаку не учествуваше активно во политичкиот живот откако не е веќе претседател, да ја критикува актуелната администрација.

Минатата сабота во обраќање пред средношколците зборуваше за таканаречени возрасни лица, со модерни работни места и титули, кои работат она што е пожелно и лесно – поради што ситуацијата е и толку лоша.

Обама ниту еднаш не го именувал Доналд Трамп пред студентите и средношколците, но пред еден месец оценил дека одговорот на администрацијата на Трамп на пандемијата е апсолутна катастрофа.

Освен за пандемијата, Обама зборувал и за убиството на Афроамериканецот Ахмад Арбери, во февруари оваа година во Џорџија, додека се дрогирал.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.