Нов инцидент во Оманскиот залив

Во Оманскиот Залив, по веројатен напад избувна пожар во два танкери. Морнарицата на САД соопшти дека примила два одделни итни повици и испратила сопствени бродови за помош на лице место.

Хамбуршката група бродска пловидба „Бернхард Шулте шипинг менџмент“ соопшти дека нивниот танкер „Кокука храбар” бил  оштетен. Бродот бил евакуиран, а еден од 21-те членови на екипажот беше олесно повреден, соопшти компанијата од германскиот пристанишен град. Во вториот инцидент во Оманскиот залив настрадал нафтениот танкер „Фронт Алтер“ на норвешката бродска компанија Фронтлајн. Танкерот  моментот на инцидентот се наоѓал пред брегот на Фуџаира ​​о Обединетите Арапски Емирати. Се претпоставува дека тој бил погоден од торпедо, објави шпедитерскиот весник „Трејдвингс“, цитирајќи упатени извори од браншата . Бродот исто така би можело да налетал на морска мина.

Karte Tanker angeschossen Golf von Oman EN

Иранската новинска агенција Ирна објави дека еден ирански брод прифатил 44 морнари на двата оштетени нафтени танкери. Тие биле однесени во пристаништето на Иран.

Морнарицата на САД испратила помош

„Ние знаеме за пријавениот напад врз танкери во  Оманскиот залив”, соопшти Петтата флота на морнарицата на САД. „Поморските сили на САД во регионот добија два одделни итни повици во 6:12 по локално време и во 7 часот.”

Поради конфликтот со Иран, САД неодамна го зајакна своето воено присуство во регионот на Персискиот залив. Петтата флота на морнарицата на САД е стационирана во емиратот Бахреин. Таа е одговорна за Персискиот Залив, Оманскиот Залив и за Црвеното Море.

Please follow and like us:

You May Also Like