Новогодишно обраќање на Макрон (видео)

Шефот на француската држава во новогодишното обраќање до нацијата зборуваше 16 минути во напнат социјален контекст, при тоа сакајќи да покаже дека е одлучен и истовремено внимателен поради гневот што ја потресе Франција, јави дописникот на МИА.

Крајот на 2018 година, за францускиот претседател изгледаше долг. Деветнаесет месеци по неговиот избор, Макрон се соочи со одлучувачки момент од неговиот петгодишен мандат. Додека Движењето на жолтите елеци продолжува, повторното појавување на аферата Бенала, традиционалната „новогодишна честитка до Французите“ на претседателот на Републиката се чекаше со нетрпение.

Откако рече дека е „среќен“ што се придржува кон „верната традиција, која им е мила на Французите“, Макрон истакна дека „2018 година не нè поштеди од интензивни емоции“.

– Франција имаше прекрасни моменти: спортски победи, големи културни настани и прослава на стогодишнината од примирјето во 1918 година, за време на која го носев гласот на Франција за мир“, рече тој, поздравувајќи го „премиерот, Владата и Парламентот, кои направија многу за земјата“.

Макрон како достигнување во 2018 година ги наведе трансформацијата на државната железница, Законот за работа, реформа на програмите за школување и професионална обука, студијата за подобрување на организацијата на болниците, клиниките и лекарите, како и борбата против глобалното затоплување, искоренување на екстремната сиромаштија и помошта за лицата со посебни потреби.

– Резултатите не доаѓаат веднаш. Но, нетрпеливоста, која ја споделувам, не може да го оправда откажувањето, истакна Макрон, одбивајќи да го забави темпото на реформите.

Притоа Макрон ја повика Владата „да ја продолжи својата работа во текот на следните неколку месеци за… да ги промени правилата за надоместок за невработеност со цел да ги зголеми стимулациите за враќање на работа, да го организира и го направи поефикасен јавниот сектор, и да се подобри пензискиот систем поправеден“.

Сепак, претседателот на Француската Република призна дека имаше „големи искушенија и конфликти во 2018 година“.

– Излезе гневот… Овој гнев ми кажува дека без оглед на нередите: ние не сме рамнодушни… незадоволството изразено во земјата покажува дека сакаме да изградиме подобра иднина… Тоа е за мене е лекцијата од 2018 година, наведе Макрон.

Тој изрази и оптимизам дека Франција „ќе ја надмине националната себичност, посебните интереси и опскурантизмот… Доживуваме превирања без преседан како што е преиспитување на меѓународниот поредок изграден во 1945 година, подемот на екстремизмот насекаде во Европа, пораст на лажните вести , исламистичкиот тероризам, ултрабералниот капитализам кој завршува или длабоката технолошка промена со вештачката интелигенција“.

Макрон оцени дека 2019 година ќе биде „решавачка година“ и се заложи за заложи за „завет на вистината“, кој, според него, ќе дозволи да се излезе од „понекогаш флагрантното негирање на реалноста“ во кое „живееме неколку години“.

– Не можеме да работиме помалку и да заработиме повеќе, да ги намалиме даноците и да ги зголемиме трошоците, да не ги смениме навиките и да дишеме почист воздух, посочи Макрон.

Претседателот на Франција како втора желба за 2019 година е заветот за достоинство, потнцирајќи „ секој граѓанин е потребен за проектот на нацијата“.

– Но, достоинството значи и почитување на сите. И во последно време сум видел незамисливи работи, слушнав неприфатливи нешта… Секој има изговор да зборува во името на народот … Но кој? Или како? Тие се гласноговорници на толпата полна со омраза, предупреди Макрон, оценувајќи дека нападите врз пратениците, полицајците, новинарите, Евреите, странците и хомосексуалците претставува „негација на Франција“.

Maкрон како трета желба ја наведе заедничката иднина на Европа.

Please follow and like us:

You May Also Like