ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Нови 163 заразени со ковид -19 и тројца починати

Нови 163 заразени со ковид -19 се регистрирани во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Во изминатото деноноќие направени се 1074 тестирања. Најмногу новозаразени има во Скопје – 70. Потоа следуваат Тетово со 25, Штип -14, Гостивар 11, Охрид 9, шест во Дебар, во Струга, Свети Николе и Ресен има по четири нови случаи, три во Кавадарци и Кочани, во Куманово, Прилеп, Велес и Крива Паланка по два нови и во Битола и Струмица по еден случај на заразени со ковид-19.

Филипче предупредува на есенскиот бран на Ковид-19

Во ГОБ „8 Септември“ починаа три лица, пациент од Ресенна 42 години и двајца пациенти од Скопје на 71 и 83 години. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 56.809 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5758, бројката на оздравени пациенти е 2206, на починати е 268, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3284.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.